Македонија
23. December 2025 - 12:20
Дебата за измените на Кривичниот законик
Измените на кривичниот законик кои влегуваат во Собранието се предмет на дебата на стручната јавноста. Мнозинството предложи да се измени кривичниот законик како преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд донесена во февруари оваа година, со која на Собранието му било наложено до крајот на годината да го измени законот. Претседателот на Уставниот суд во неколку наврати рече дека измените кои СДСМ и ДУИ ги направија во 2023 предизвикале непоправилва штета на правниот систем. Ова беше и главната тема на денешната дебата на која учествуваше претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и евроамбасадорот Михалис Рокас.
-->
-->
