Дебата за образованието - За власта светска реформа, за опозицијата дебакл
Наместо само општествени науки од 5 одделение ќе се изучува историја и општествени науки, сексуално образование ќе има единствено за 8 и 9 одделение, а албанскиот јазик ќе биде изучуван како втор изборен јазик како јазик. Ова се измените што ги најавија од работната група во концептот за интегрирано образование на денешната јавна расправа во парламентот по забелешките кои досега биле изнесени во јавност.
Владините претставници пред пратениците ја бранеа реформата како неопоходна.
Универзитетските професори и академици пак, со различни ставови. Дел од нив со јавни критики дека интегрирана историја во општествените науки е политички мотивиран чин. Други пак, сметаат дека концепцијата е добра, но учебниците за историја не треба да се прилагодуваат на политиката, ниту пак, часовите да бидат редуцирани.
Планот на министерството е новиот концепт да почне со примена од наредната година кај учениците до 4 одделение, а да се воведе целосно во 9летката во период од 5 години.
Од јавната расправа во парламентот, која главно беше инцирана по барање на опозицијата, треба да произлезат заклучоци што министерството ќе треба да ги вгради во реформата.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
