Свет
4. November 2026 - 19:05

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки

Игли, шајки и други остри метални предмети се пронајдени во колачињата што ги добиле децата за Ноќта на вештерките во Германија, Австрија и Унгарија.

Такви случаи се регистрирани во неколку германски покраини, а во Бремерверде, западно од Хамбург, деветгодишно девојче го повредило јазикот додека јадело чоколадо, во кое била пронајдена игла долга пет сантиметри.

Унгарската полиција почна истрага откако шајки, завртки и парчиња жица биле пронајдени во колачињата што децата ги добиле во и во околината на градот Ѓемре, источно од Будимпешта. Локалните власти соопштија дека едно девојче добило карамела со шајка, завиткана во обвивка од чоколадо. Девојчето навреме ја забележала шајката и не е повредено.

Неколку случаи се пријавени и во Австрија. Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер ги осуди инцидентите, нарекувајќи ги кукавички, злонамерни и во некои случаи опасни по живот. Полицијата соопшти дека се водат истраги во четири австриски покраини. 

 

МИА

Ново на Сител