Македонија
22. December 2025 - 16:34
Дедо Мраз и омилените детски ликови ги израдуваа хоспитализираните деца на детската клиника
Стотина деца предновогодишните празници поради болест ќе ги поминат на Детската клиника. За да изнудат детска насмевка волонтерите на Црвениот крст на Град Скопје традиционално 8-ма година по ред маскирани во костими на омилените суперхерои од цртаните филмови, се спуштија со јаже по зградата и поделија подароци на хоспитализираните деца на клиниката. Годинава со подржка на хеликоптерската единица на МВР Дедо Мраз и дел од детските јунаци слетаа со хеликоптер на Клинички.
-->
-->
