Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника

Соработник на тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје, маскиран во Дедо Мраз и волонтери маскирани во костуми на омилените супер херои од цртаните филмови денеска се спуштија по јаже од хеликоптер и им поделија пакетчиња на децата хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести.

Станува збор за показна вежба насловена „Да подариме насмевка” во која учествуваше тимот за спасување на планина, како дел од тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје.
Вежбата се организираше во соработка со МВР и Хеликоптерска единица.

Директорот на Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди рече дека ова е традиционална акција на Црвениот крст на град Скопје во која Дедо Мраз и другите јунаци од детските филмови ги израдуваа децата со новогодишни пакетчиња. Тој се заблагодари на Црвениот крст на град Скопје, чии тимови, како што појасни, носат радост барем во последните денови од годината на децата кои мораат да останат на болничко лекување.

- Околу 100 деца во моментов добиваат болнички третман и најголем број од нив ќе мора и во деновиве пред Новата година да останат во клиниката поради нивната состојба. Со ваквите акции ја ублажуваме нивната болка и им носиме радост за да ги поминат во поубава атмосфера овие денови, додаде д-р Мемеди.
Арѓенд Чилафи, стручен соработник во тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје, рече дека Црвениот крст традицонално, по осми пат, под мотото „Да подариме насмевка“ и годинава е присутен на Детската клиника, дел од нив облечени во костуми, „колку толку да украдат некоја детска насмевка“.

- Нема нешто поубаво кога ќе ги видите лицата на децата кои овие предновогодишни денови ќе ги поминат во болничка постела. Им посакувам што побрзо да го напуштат овој објект. Успеавме да го донесеме Дедо Мраз и дел од волонтерите облечени во костуми да ги донесеме со хеликоптер. Нешто ново, нешто различно од изминатите седум години. Се надевам доколку успее ова да остане традиција наредната година да смислиме нешто поубаво со цел да израдуваме некое дете, рече Чилафи.
МИА
Ново на Сител
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
-

Маглата не попушта, Штип 10 дена под аерозагадување
-

Илјадници светилки и најразлични новогодишни реквизити го осветлија Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборот на Хоџа и Сали во среда пред пратениците
