Македонија
27. December 2025 - 16:28

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад

Дедо мраз пристигна на плоштадот Македонија со воз полн со пакетчиња. На бината беше дочекан од распеаните хорчиња. Град Скопје приреди новогодишно изненадување за сите деца кои дојдоа на плоштадот. Илјадници пакетчиња подели дедо мраз за нова година.

Децата не ја криеја радоста. Со нетрпение го очекуваа пристигнувањето на дедо мраз и му порачаа што посакуваат за нова година.

Градоначалникот на Скопје порача со пристигнувањето на дедо мраз почна новогодишната бајка а ќе продолжи и во следните денови, со приредби, претстави и наградни игри се до 31.

Денес, со насмевки, радост и многу изненадувања, се дружевме со најмладите и заедно ја почувствувавме вистинската празнична магија. Дедо Мраз пристигна со полни раце подароци и внесе топлина и радост во срцата на сите дечиња. Ви благодарам што бевте дел од оваа прекрасна приказна и што заедно создаваме моменти кои ќе се паметат. Празничната забава продолжува секој ден“м напиша Ѓорѓиевски.