Македонија
23. September 2026 - 12:59
Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
Поради брзиот начин на живот и глобализацијата, денес некои луѓе имаат слабо познавање на своето културно историско наследство, дел не знаат каде се наоѓаат спомениците, а има и такви кои воопшто не биле да посетат музеј во својот град.
Професорот по историја Патчев смета дека покрај поголема промоција, знаменитостите треба да бидат подостапни и отворени секој ден за посетителите.
Добрите познавачи сметаат дека ова често води до чувство на исклученост од сопствените корени, но за среќа, постојат многу начини како тоа да се промени. Културното наследство не се само старите градби и музеите тоа се и приказните, занаетите, обичаите, храната и јазикот што ги обликувале нашите предци.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
