Дел од охриѓаните заболени од Ковид-19 ги кријат контактите и придонесуваат за ширење на заразата
Прошетките низ здравствените институции од страна на заболените од Ковид 19 една од причините за се повеќе позитивни медицински лица. Епидемиолозите велат дека загрижува тоа што егиоизмот кај граѓаните е огромен болни и со симптоми се кријат не се изолираат самоиницијативно одат на прегледи во болниците и така заразата се шири. Преку 60тина здравствени работници од охридско струшкиот регион се позитивни на Ковид 19.
Епидемиологот Коровешоска вели дека сеуште болните ги кријат контактите и не сакаат да ги кажат особено оние кои имаат свои приватни бизниси.
Инаку во двата крајезерски града секојдневно расте бројот на новозаболени од вирусот.
За само една недела присуство на ковид 19 е дијагностицирано кај вкупно 207 лица од Охрид и 124 во Струга. Од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден регистирани се 1099 заболени лица во Охрид и 1035 во Струга.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
