Македонија
18. May 2026 - 8:33

Дел од општина Центар денеска без вода

Поради дефект на шибер со пречник од 300 милиметри на улицата „Никола Карев“ бб во скопската населба Центар, денеска од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Никола Карев“, „Мирче Ацев“, дел од населбата Пролет, Центарот за јавно здравје, ОУ„11 Октомври“ и детската градинка.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

 

МИА