Демири: Приватните специјализанти по изборите ќе добијат поголем надомест

Приватните специјализанти по изборите ќе добијат поголем надомест, најави денеска ресорниот министер Илир Демири.
-Сите приватни специјализанти добиваат надомест од 25 до 28 илјади денари и им се платени дежурствата. Дел од нив по објавувањето на изборите и по започнувањето на кампањата зпотегнаа иницијатива за да се зголеми нивниот надомест. Со задоволство би го направиле тоа и ќе го направиме после завршувањето на изборите. Ќе добиваат соодветна поголема плата, но и една обврска без разлика дали јас ќе бидам министер или некој друг да го дадат својот труд и ангажман во секој регион од земјава каде има потреба од нив, рече Демири во одговор на прашање на денешната прес-конференција.
Посочи дека повеќе нема да се нудат специјализации според желби, туку само за кадрите кои се неопходни.
-Нас ни фалат радиолози, хематолози, неонатолози, педијатри, патолози, специјалисти по микробиологија, епидемиолози. После изборите се надевам ќе се отвори можност да се направи реална проценка и конструкција кои специјализации приватно или државно ќе се отворат на државно ниво, рече Демири.
Ново на Сител
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
