Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
Судски совет едногласно одлучи – Даниела Димовска е нова претседателка на Кривичниот суд Скопје. За позицијата кандидирани беа само Димовска и судијата Ивица Стефановски, исто така од Кривичен. Претседателот на Советот, Камбовски вели дека двајцата кандидати се исклучително искусни, но одлучиле нијанси.
- Таа нијанса којашто преовлада кај мене во однос на тоа каде да го дадам својот глас беше споредбата на Акциските планови и Програмите коишто ги дадоа двата кандидати. Кадешто кај кандидатот Даниела Димовска детектирав малку поразличен и друг на вид на менаџирање на инстутцијата.
Даниела Димовска цела година беше вршител на должност на оваа функција, откако нејзиниот претходник Иван Џолев беше избран во повисокиот, Апелациски суд. Тоа на членовите на Судски совет им дало време да видат дали Димовска има менаџерски способности за да го раководи Кривичен. Но не изостанаа забелешките зошто цела година му беше потребно на Советот за да го спроведе изборот на претседател.
- Навистина го видовме од страна на в.д. претседателката која сега е претседателка. Но се поставува прашањето: Предолгото траење на изборите, дали кај се создава предност во однос на другиот кандидат.
- Навистина е недозволиво постапките да ни траат толку колку што ни траат. И треба сите ние заедно, како Совет максимално да се вложиме преку измени на нашите внатрешни акти, преку наша поголема инволвираност ова време да се сведе на најкратко можно време во кое може да се врши избор, рече претседателот Камбовски.
На седницата Советот ги усвои и измените на Годишната програма за оваа 2026 година.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
