Ден на Ромите: Голем број деца „учат“ на улица наместо во училница, дали државата се грижи?
Без соодветно образование останаа голем број ромчиња за време на пандемијата. И натаму најзасегната заедница во однос на образованието е ромската бидејќи пред се немаат елементарни услови за живот. Дополнителен проблем е институционалната негрижа па се повеќе деца роми питачат по улиците. На меѓународниот ден на Ромите, директорот на Ромскиот едукативен Фонд апелира државата да го стави фокусот на образованието бидејќи е клучно и од него зависи прогресот во сите други области.
Во основното образование се вклучени околу 10 000 ученици, во средно 2000 а во секоја академска година се запишувале по близу 300 студенти, но досега завршиле 600.Од фондот во кој учествуваат `16 земји од Југоситчна Еврпа, лани со менторство и туторство биле опфатени 5000 ученици.
Македонија до пред неколку години била лидер во спроведувањето на програмите за развој на ромите што не е случај и денес. Според Чупи за државата сега други теми биле приоритет како децата без матична евиденција. Во чест на одбележувањето на 8 Април-Меѓународниот ден на Ромите, пред зградата на Владата е подигнато знамето на ромскиот народ.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
