Ден на жалост во Федерацијата БиХ и Црна Гора по пожарот во Домот за стари лица во Тузла

Денеска во Федерацијата Босна и Херцеговина и Црна Гора е Ден на жалост во чест на жртвите од пожарот во дом за стари лица во Тузла, јавуваат локалните медиуми.
Во пожарот, што избувна во текот на ноќта од вторник кон среда, на седмиот кат од зградата на домот, загинаа 11 лица, а повеќе од 40 се повредени.
Босна и Херцеговина, според Дејтонскиот мировен договор (1995), е поделена на две полуавтономни единици – Република Српска и Федерацијата БиХ, во која живеат бошњаци и хрвати. Двете имаат сопствени влади и парламенти, но функционираат и заеднички државни институции – судство, армија, безбедносни и даночни служби.
Владата на Федерацијата БиХ вчера одлучи денеска да биде прогласен Ден на жалост во оваа ентитетска единица.
Во рамките на одбележувањето, знамињата на јавните институции се спуштени на половина копје, а културните и забавните настани на јавни места се откажани.
Владата на државно ниво на БиХ не успеа да донесе заедничка одлука, бидејќи министрите од Република Српска не гласаа, објави босанскиот портал Кликс.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
