123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
Македонија одбележува 123 години од смртта на македонскиот револуционер, великан и учител Гоце Делчев. По повеќе од еден век од од неговата смрт, заветот за слободна држава и високата цена која ја плати за слободата треба да биде потсетник за неговото дело, порача поглаварот на МПЦ Г.Г Стефан кој одржа панихида во црквата СВ.Спас.
Ликот и делото на Делчев мора постојано да се пренесуваат на идните генерации, затоа што вредностите за кои се залагал, денес не се целосно почитувани, порача премиерот Мицкоски кој се поклони пред гробот на Гоце.
Битката за слободна и праведна земја каква што посакувал Гоце и денеска трае, но идеалите на македонскиот револуционер се во спротивност со политиките на актуелното раководство на државата, оцени опозицискиот лидер Филипче.
Во чест на учителската дејност, визија и мисија на Гоце Делчев, делегации од државниот врв, амбасади, граѓански организации, положија цвеќе и се поклонија пред неговото вечно почивалиште.
Во Собранието пак беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2026-та за остварувања во науката на професорите Михајло Марковиќ и Соња Новотни.
Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од османлиската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
