Македонија
6. January 2023 - 16:37

Денеска е Бадник - утре е Божиќ денот на Христовото раѓање

Голема прослава за Бадник во Соборниот храм каде со литургијата чиноначалствуваше погаварот на МПЦ ОА. 

Пораки за мир и благосостојба упати кон православните верници. Бадникови гранчиња им беа поделени на сите присутни. 

Поглаварот ја освети погачата, а потоа ги благослови новите кум и здравичар за традиционалната прослава за Бадник, а потоа следеше предавање на бадникарскиот ќуп. 

На бадникарската поворка оваа години присуствуваа стотици деца, а програмата почна од плоштадот Македонија. 

Пеејќи ја песната Вечниот Бог пристигнаа до Соборниот храм каде им беа поделени пакетчиња. 

На церемонијата за Бадник присуствуваа голем број јавни личности и градоначалниците на Скопје и Центар.