Македонија
22. February 2026 - 17:11

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството

Во духот на православната традиција и со длабока почит кон жртвата за верата, денеска во Кратово беше одбележан споменот на Св. Ѓорги Кратовски, светецот и маченик кој својот живот го положил во одбрана на христијанството.

Во храмот што го носи неговото име, изграден пред речиси еден век, се собраа голем број верници за да се поклонат на својот духовен заштитник, да се помолат и да запалат свеќа. Иако празникот традиционално се чествува на 24 февруари, поради почетокот на велигденските пости од утре, неговото одбележување беше поместено за денеска. Верниците присуствуваа на божествената литургија со која чиноначалствуваше епископот валјевски Исихије, во сослужение со митрополитот кумановско-осоговски Григориј и митрополитот Јосиф.

Св. Ѓорги Кратовски на само 18 годишна возраст бил жив запален на плоштадот во Софија, откако одбил да се откаже од својата христијанска вера. Иако како интелигентен и вешт занаетчија бил под силен притисок од тогашната Отоманска империја да премине во ислам, тој останал непоколеблив.

Неговите мошти  пред две години беа пренесени од Бугарија во Кратово, од каде што и потекнува. 

Св. Ѓорги Кратовски е симбол на цврста вера и жртва, вели отец Дејан и до ден денеска неговиот живот испраќа силна порака меѓу христијаните. 

По свечената литургија, литијата се упати кон плоштадот каде се изврши и чинот на водоосветување и благослов на колачот. Градоначалникот на Кратово, посочи дека градот и оваа година достојно го одбележува празникот на својот заштитник. 

Прославата продолжи во културно уметничка програма.