Денеска вкупно 29 пожари, активни се уште се 9, меѓу кои и кај Блаце
Според извештајот на ЦУК има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 4 се под контрола, а изгаснати се 16 пожари.
АКТИВНИ (9): кај Блаце – Чучер Сандево, Бешиште - прилепско, Македонски Брод кај Локвица, Дојран, Василево, Чашка, Крива Паланка, Тетово и Делчево – шумски пожари, ниско стеблеста шума.
ПОД КОНТРОЛА (4): македонски брод во Слатина и Ковче и градската депонија во Делчево.
ИЗГАСНАТИ (16): меѓу кои Визбегово (депонија), Ѓорче Петров: с. Смилковско Езеро (ниска вегетација) двата во Крива Паланка.
Попладнево во гасењето на пожарот кај Дојран бил користен и хеликоптерот на МВР, во 30 налети се фрлени околу 40 тони вода.
-Нови обид за подметнување на пожар, овој пат пресретнат од полицијата непосредно откако бил запален. Според, информацијата од МВР во 15.30 часот полициска патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од забележан црн дим (чад), при што затекнати се две лица кои имаале запалено кабли во близина на сува трева и ѓубре (дива депонија). Со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и истиот е изгаснат. Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31). Лицата се лишени од слобода во Полициска станица Гази Баба и ќе биде известен Јавен обвинител за поднесување на соодветна пријава, информираат од МВР
Претходно, тројца малолетници странски државјани се приведени под сомнеж дека подметнувале пожари. Фатени се на на Ајватовски рид, а при претресот кај нив се пронајдени шишиња со бензин, запалка, течен лепак и петарди. И пожарот кој доцна вчеравечер избувна кај смилковското езеро бил подметнат
Досега 18 лица побарале помош на клиниката за токсикологија, поради вдишан чад и токсични материи од пожарите кои ја зафатија Македонија изминативе три дена. Во моментов на токсикологија се задржани двајца. Дел од нив учествувале како волонтери во гаснење на пожарите, имало и двајца пожарникари и двајца припадници на полицијата.
Апелот од докторите е волонтерите да не се пуштаат во првите редови за гасење на пожарите како професионалците, да користат заштитни маски, а ако вдишале премногу чад да се пријават на клиниката за токсикологија.
Во пожарите кои ја зафатија Македонија, досега има две жртви.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар