„Денови на Света Мајка Тереза“ по повод 10 години од нејзината канонизација

Со пригодно обраќање на скопскиот бискуп и струмичко-скопски епископ монсињор д-р Киро Стојанов денеска во „Порта Македонија“ беа отворени „Деновите на Света Мајка Тереза“, манифестација што се одржува од 26 август до 5 септември по повод 10 години од канонизацијата на Света Мајка Тереза.
Во своето обраќање, Стојанов истакна дека Скопје и културниот контекст во кој Мајка Тереза се родила и го поминала детството имале значајна улога во нејзиното формирање и отвореноста кон луѓето без разлика на нивната национална или верска припадност.
- Не можеме и не ни е дозволено тесноградо да ја присвојуваме само за себе и не смееме да ѝ наметнуваме титули и да зборуваме за неа само како за хуманитарка — нешто што го одзема она што таа првенствено и навистина е: католичка монахиња која без нејзината духовност и повик во повик, без верата во Христос и неговиот глас „Жеден сум“, никогаш не би била тоа што сега е: светица на Црквата, а потоа доаѓа сè друго - посочи Стојанов.
Говорејќи за влијанието на Мајка Тереза, тој истакна дека нејзиниот пристап кон сиромашните, болните, отфрлените и маргинализираните се темелел на нејзиното служење и молитвата, а не на материјалните ресурси. Се осврна и на, како што рече, новите форми на сиромаштија, кои не се поврзани само со материјалната немаштија, туку и со осаменоста, отфрленоста и недостатокот на љубов и грижа.
- За неа, потешка од материјалната сиромаштија е онаа глад за тоа дека некој не е посакуван, дека не го љубат, не е згрижен. Страдањето кое произлегува од недостаток на љубов е поболно од материјалното сиромаштија - истакна Стојанов.
Манифестацијата ја организираат Католичката црква и Заедницата на Хрватите во Република Македонија, со поддршка на Владата на Република Хрватска.
„Деновите на Света Мајка Тереза“ ќе траат до 5 септември, со програмски содржини од културен, социјален и хуманитарен карактер, во чест на светицата родена во Скопје и канонизирана во 2016 година.
MИА
Ново на Сител
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
-

Трамп не верува дека Кина и Русија му помагаат на Иран
-

Асистенција и црвен картон за Елмас во победата на Аталанта над Венеција
-

Трибина посветена на декларацијата за безбедност при работа на здравствените работници
-

Трамп вели дека Путин сака договор повеќе од Зеленски
