Депонијата кај Прилеп гори 3 дена, причина човечки фактор, се очекува целосно гаснење денес
Депонијата во Прилеп кај Алинци гори веќе 3 дена ширејќи густ црн чад низ целото пелагониско поле, како и неподнослива смрдеа која се чувствува низ целиот регион во и околу градот. Според надлежните, кои сое надчовечки напори цели 3 дена и во текот на денот и во текот на ноќта, се обидуват да го изгаснат големиот пожар, најверојатно огнот настанал од човечки фактор, а кои се причините треба да утврди полицијата.
„Веќе трет ден се работи паралелно со гаснење со вода и засипување со земја, затоа што тоа е единствениот начин да се изгасни пожар на депонија. Ова се случува четврт пат во 2 години, треба да се решава, долгорочно решение е Регионалата депонија во Новаци“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.
Се очекува во текот на денот конечно да биди изгасната депонија, вклучени се 10-тина камиони и друга тешка механизација која просторот го засипува со земја.
„Ги направивме сите можни обиди со сите средтсва кои што беа на располагање, пробавме дури и со една иновативна метода и средство загаснење на пожари на отворено кое го добивме бесплатно како донацијa“, додаде Проданоски.
Решението за целата оваа ситуација е Регионалниот центар за ѕправување со отпад кој до 2027 треба да се изгради во Новаци, каде отпад треба да носат 18 општини од охридско-преспанскиот и пелагонискиот регион.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
