Детската болница Козле остана без вода
Детската болница Козле остана без вода. Последиците од неконтролираното трошење на вода во скопската метропола се слеаја врз здравствените установи.
30-тина деца кои се хоспитализирани таму од денеска ќе се бањаат со техничката вода од цистерна на Водовод. Директорката на болницата за Сител вели дека чекаат и донациии за вода за пиење од општествено одговорни компании.
Ако проблемот не се реши за брзо – директорката размислува за реорганизација на пациентите.
Во меѓувреме, чешмите се секнати скоро во половина Скопје. Сител направи обилколка.
Прва станица Автокоманда. Жителите од Вамбел 2 се револтирани бидејќи скоро еден месец не можат да се избањаат, ниту да си ги исперат алиштата. Станува збор за повеќе од 100 семејства кои мака мачат на летните горештини.
Баба Перса живее на шести кат. Полни шишиња со часови поради слабиот притисокза да може да се избања, себе и својот сопруг којшто е на дијализа повеќе од 15 години.
Посебен револт има кај станарите од повисоките катови – бидејќи таму ниту капка вода не протекува низ чешмите.
Велат дека ги контактирале службите повеќепати, но никој не им помогнал.
Бесни се и жителите на Водно.
Вода нема ниту во зградата на МРТВ. Таму стотици вработени работат во субстандардни услови повеќе од две недели.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар