Деветти ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите

Полицијата во Тирана, на деветтиот ден од протестите, употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои бараат оставка на премиерот Еди Рама.
Протестот почна без поголеми тензии или судири меѓу младите демонстранти и полицајците. Три часа од почетокот на протестите, група млади демонстранти фрлија молотови коктели кон канцеларијата на премиерот, како и камења полицијата, која одговори со солзавец и водни топови за да ја растера толпата.
Средношколците и студентите бараат пониски школарини и повеќе државни инвестиции во образованието, а протестираат и против корупцијата во образовниот систем. Тие се придружија на пошироко антивладино движење кое бара оставка од Рама.
Најновите протести во Албанија следат по месеци митинзи организирани од движењето „Фламинго“. Движењето се појави како одговор на изградбата на голем луксузен туристички комплекс на јужниот брег на Албанија, кој е поврзан со инвестициска фирма основана од Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.
-Фрлање камења, обиди за соборување на владата и промена на власта преку насилство, ова е нешто што никогаш нема да се дозволи, во која било форма или од која било причина, истакна денеска Рама по состанокот со наставниците и претставниците на училиштата во Тирана.

Според него, „легитимните грижи на граѓаните“ се злоупотребуваат од страна на поединци кои намерно предизвикуваат насилство за време на протестите.
Ова е хибридна војна која е разбирливо успешна до степен до кој е, бидејќи се базира на реални проблеми, а не на фантазии. Загриженоста за трошоците за живот е секако реална. Загриженоста за безбедна иднина, домување и подобри шанси за напредување е исто така реална, истакна Рама.
Тој ги обвини демонстрантите дека „го држат градот во атмосфера на терор“, а за студентите кои учествуваат во протестите рече дека тие „припаѓаат на новите струи на политичкиот екстремизам“.
МИА
Ново на Сител
-

Естонија: Робот за достава предизвика сообраќајна несреќа со автобус и побегна од местото на настанот
-

Судири меѓу демонстранти и полиција во Шпанија по смртоносна железничка несреќа
-

Вучиќ бил подготвен да употреби сила за да ја задржи власта - телефонски повици го натерале да се повлече
-

Облачно со услови за утринска магла
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
