Деветти Светиклиментов научен собир: Теологијата и технологиите

Теологијата и технологиите, е темата на 9. Светиклиментов научен собир, што ќе се одржи задутре (5 декември) на Богословскиот факултет Св. Климент Охридски - Скопје.
- Деветтиот Светиклиментов научен собир ќе ја продолжи практиката на интердисциплинарно вмрежување на современата македонска теологија со другите науки кои се изучуваат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како и на другите македонски универзитети и научни установи. Притоа, во центарот на вниманието ќе се постави токму прашањето за допирните точки меѓу теологијата и современите технологии. Пред сѐ, станува збор за односот кон дигитализацијата и вештачката интелигенција – кои може да бидат предмет на различни видови теолошки релевантна рефлексија. Од една страна, следува да се истражат онтолошките, етичките и естетските импликации на предметните текови, а од друга страна, да се испитаат сферите и границите на нивна применливост како во современата научно-истражувачка работа, така и во литургиската и пастирската практика, велат во најавата за собирот од Богословскиот факултет, што ја пренесува литургија.мк.
По отворање на научниот собир во 10 часот во свечената сала на Богословскиот факултет, на првата од трите планирани сесија ќе бидат опфатени темите: Теологија и технологија = благосостојба, Технолошкото дехуманизирање на животот: последици и духовни решенија, Односот на Црквата кон технолошките иновации, Христијанска педагогија и дигиталниот интерфејс: антрополошки и методолошки предизвици во контекст на развојот на дигиталната култура и трансформацијата на образовните парадигми, Логосот, алгоритмот и новозаветното слово: теолошки и медиумски перспективи за дијалогот меѓу традицијата, технологијата и вештачката „интелигенција“.
Најавените теми за втората сесија се: Етички импликации на вештачката „интелигенција“ – стварност или антропоморфизам, Каде е вистинскиот избор: аргументите на трансхуманистите и биоконзервативците во однос на новите технологии, Христијанска антропологија и вештачка интелигенција: богословски и антрополошки перспективи и предизвици во современиот технолошки контекст и Одговорноста на теологијата наспроти технологијата, софтвер и човек како логосно битие.
На последната сесија, пак, ќе може да се слушнат осврти на темите: Границите на техничките науки: смееме ли да направиме сѐ што можеме да направиме?, Комуникација или симулација – главниот предизвик во дигиталната ера, Типографијата и црковнословенските богослужбени книги во Македонија, Евхаристискиот живот на црквата во време на дигитални технологии и Аскетика или технофилетизам? Егзистенцијалните избори во 21 век.
- Развојот на нови технологии претставува незаобиколна тема на современите интердисциплинарни истражувања, кои ги обединуваат природните и техничките науки со философијата, лингвистиката, психологијата, етиката, правото итн. Теологијата тука не претставува исклучок, дотолку повеќе што таа со векови наназад претставувала стожер на човечката мисла и точка на пресекување во која се обединувале најразличните сфери на знаењето и уметноста. Централното место во средновековните универзитети – врз кои се темели современото високо образование – ѝ било доделено токму на теологијата, велат од Богословскиот факултет.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
-

Од утре облачно и посвежо со повремен дожд, а на планините снег
-

Талентите на ФК Водно блеснаа во Шпанија, генерации 2013 и 2015 шампиони на “Овиедо Куп“
-

Речиси една петтина од француските бензински пумпи останаа без гориво
-

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка
-

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај
-

Апелација ја укина двегодишната казна затвор за Лидија Димова
-

Голема полициска акција на МВР за трговија со кокаин, претреси на 15 локации
