Девојче барало помош од полицијата за решавање домашна задача

Полицијата од американската држава Охајо навикна луѓето да ги бараат за различни причини и кога тоа не е нивна надлежност, но тие биле многу изненадени кога девојче од десет години им побарало помош за решавање задачи од математика.
Полицаецот Би Џеј Грубер бил дежурен кога по пат на Фејсбук страницата, Лена Дрејпер контактирала со полициската станица.
- Имам проблем со домашната задача. Дали можете да ми помогнете?, праша Лена.
Грубер потоа почнал со разговор со девојчето за решавање на домашната задача каде имало собирање, множење и заграда.
- Ние ја постигнуваме својат цел за зголемување на довербата, транспарентноста и достапноста до граѓаните, но се уште се работи на знаењето од математика, објави оваа полициска станица на Фејсбук.
Тој потег на полицијата ги воодушеви луѓето од Охајо и од целиот свет.
Ново на Сител
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
