Девојче со часови не одговарало на телефон и врата, пожарникари влегле преку тераса - ја пронашле во длабок сон

На улицата „4 Јули“ во Струмица, во зграда на четврти кат, вечера вечер пожарникарите од ТППЕ Струмица учествуваа во една малку поинаква, но за родителите особено вознемирувачка акција, објавија струмичките пожарникари.
Имено, откако малолетното девојче неколку часа не одговарало ниту на телефонските повици, ниту на ѕвонењето на вратата, родителите побарале помош од ТППЕ Струмица.
-Со помош на авто-скалата, пожарникарите се искачија до терасата, по што беше овозможено отворање на вратата и влегување во станот, а таму наместо опасност ги дочека една сосема неочекувана глетка. Девојчето било безбедно и едноставно спиело во длабок сон, не слушајќи ги ниту телефонските повици, ниту ѕвонењето на вратата, се наведува во објавата на ТППЕ Струмица.
Се додава дека за пожарникарите можеби ова било необична интервенција, но за родителите огромно олеснување.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
