Македонија
17. August 2025 - 16:33

Дезинсекција против комарци – каква е ефикасноста, колку често треба да се врши и зошто е важна?

Прскањето против комарци е клучен метод во намалувањето на нивната популација и намалување на ризикот од сериозни болесни. Во Скопје, од почетокот на годината согласно соопштенијата на Град Скопје испратени до медиумите, до денеска, извшени се вкупно три дезинсекции.

Извршени се и авионски, и терестични дезинсекции за возрасни комарци. Се прскало во мај, јуни и јули.

Но и покрај овие дејствија на надлежните, честопати граѓаните се жалат на убоди од комарци. Со ова се oтвора прашањето дали ваквите дејствија се доволни и соодветни. Надлежните велат дека доволни се петте годишни третирања, што не е случај за површината врз која се прска.

Дополнително, експертите препорачуваат да се мапираат критичните точки за прскање.

Центрите за јавно здравје ги контролираат процесите за дезинфекција, дезинскција и дератизација во градовите. Резултатите ги испраќаат до Институтот за јавно здравје кој подготвува извештаи и препораки.

Прскањето против комарци само по себе не е доволно. Надлежните се согласни дека во целиот процес неопходно е да се вклучат и граѓаните и општините.