Македонија
21. March 2024 - 16:51

ДИК потврди - 7 кандидати за претседател

Гласачкото ливче за Претседателските избори дефинитивно ќе има 7 имиња. ДИК и официјално ја затвори постапката за кандидирање и ги потврди сите 7 кандидатури

Иако собирањето потписи заврши пред две недели, СДСМ и денеска ги брои потписите на Силјановска.

И опозицијата не беше многу креативна па ги проверуваше маркетинг консултантите на Пендаровски

А претседателските кандидати се фокусирани на јавни дебати. Пендаровски веќе смислил да има две дебати кои сите кандидати ќе ги организираат заедно. Додека тој планира, Таравари веќе закажа своја дебата за во сабота во Тетово. Ги поканил сите, а само Пендаровски му кажал дека нема да дојде

Кампањата за претседателските избори почнува на 4 април. Првиот круг е закажан за 24 април, а вториот, две недели подоцна на 8 мај.