Македонија
8. October 2026 - 21:11

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот

Присуството на еврокомесарката Кос е позитивен знак и оди во насока на барањата на македонската Влада ЕУ да биде на еден начин посредник во процесот на деблокирање на македонско бугарскиот  спор. Според Аналитичарот Кржаловски новите документи на ЕК носат зацврстени поими за предвидливост и гаранции што е директен исчекор кон барањата на македонската влада. Враќањето на опцијата за уставни измени со одложено дејство повторно циркулира како можно компромисно решение доколку се убеди бугарската страна вели Кржаловски. 

Арсовски оцени дека  состанокот во Софија донесе дипломатско омекнување на реториката но позициите остануваат исти како и пред разговорите. Оваа средба треба да се гледа како прв чекор на еден подолг дипломатски процес. 

Сепак за Арсовски позитивно е што Бугарија јавно се обврзала на некој начин дека нема да поставува нови барања надвор од веќе договорената рамка. 

По документот на Брисел аналитичарите имаат различни очекувања кон следниот период. Според Кржаловски документот нуди реална можност за придвижување на процесот и смета дека декемврискиот самити на ЕУ би бил можност за откочување на евроинтеграциите. Додека пак, Арсовски е воздржан и рпедупредува дека новите предложи од Брисел во однос на начинот на одредување вето и постепена интеграција бараат време или важат само за земјите што веќе преговараат.