Димитриеска Кочоска: Досега од буџетот се обезбедени 30 милиони денари за настраданите во Кочани, а исплатени се 11,2 милиони
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на собраниската говорница изјави дека до овој момент се обезбедени 30 милиони денари од страна на Владата за настраданите во Кочани, а досега се исплатени 11,2 милиони денари.
- Од буџетот на Република Македонија за настраданите во Кочани се обезбедени 30 милиони денари за помош на семејствата и повредените. До овој момент се исплатени 11,2 милони денари за патни трошоци и сместување на семејства на повредените кои се лекуваат во странство и оваа постапка продолжува и понатаму, изјави Димитриеска Кочоска одговорајќи на прашање од пратеникот Оливер Спасовски на денешната собраниска седница, дали досега е донесена одлука и се извршени исплати на средства од буџетот на државата на семејствата на починатите и на повредените и ако има таква одлука колку средства биле исплатени за оваа намена.
Таа посочи дека покрај од буџетот, помошта собрана преку Црвениот крст од донации од граѓаните, била во координација со Владата, и дека тоа било во моментот најбрз начин да се соберат средства и да им се излезе во пресрет на настраданите.
- Затоа одевме паралелно со две постапки. Едната беше Црвениот крст каде сите ние и како функционери и како пратеници од владеачкото мнозинство, верувам дека и вие од опозицијата сте донирале пари, и тоа се средства кои се наменети за нив. Но покрај овие 30 милиони денари, поддршка од буџетот, тука не се вкалулирани сите оние трошоците кои се сервизираат преку ФЗОМ, бидејќи станува збор за повреди кои беа многу тешки и за лекување кое ќе трае долго време. Владата многу брзо реагираше во оваа ситуација, рече Димитриеска Кочоска...Повторувам 30 милиони денари коои што се на располагање на семејствата и се исплаќаат согласно потребите и во исто време се сервисираат обврските од Црвениот крст. Тоа е одлука која што ја донесе Владата и кои што средства се исплаќаат, рече министерката за финансии.
Таа притоа потсети на несреќите со жртви со Дурмо Турс и во Модуларната болница во Тетово, каде, рече, поранешната влада не одобрила ниту денар.
Според Спасовски, граѓаните покажале сериозна солидарност, бидејќи на сметките на Црвениот крст, според последно соопштение досега се собрани околу 156, 5 милиони денари од кои во неколку наврати досега извршени се исплати на погодените семејства. На семејствата на починатите лица од оваа сметка биле исплатени 52,038 милиони денари, за настраданите лица кои се на лекување во странство 44,163 милиони и за оние кои се лекуваат во земјава исплатени се 11, 247 милиони денари. Или вкупно досега исплатени се 107,44 милиони денари, а преостанти се околу 46,59 милиони денари на сметката на Црвениот крст. Во соопштението од Црвениот крст се наведува дека следат консултации со надлежното Министрерство за да се утврди зависно од степенот на повредеите колку финансиски средства на кои лица и смејства ќе им бидат исплатени.
Спасовски реагираше и во однос на присуството на членовите на Владата, кои имаат обврска денеска, да бидат присутни на седницата.
- Имаме известување само од двајца министри дека не можат да присуствуваат и дека ќе бидат нивните заменици. Меѓутоа, гледаме и повеќе министри коишто не се присутни, ниту има заменици, за да можеме да ги поставиме пратеничките прашања, забележа Спасовски.
Ново на Сител
-
Законот за локална самоуправа на 52. пленарна седница
-
Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток
-
Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта ќе има средба со Орбан и ќе присуствува на СРАС конференцијата
-
Викендов авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Иванишевиќ нов тренер на Циципас
-
Милановиќ: Ниту една држава веќе нема да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта