-->
-->
Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-->

Владата ја продолжи мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18 на 10 проценти, како и мерката за намалување на акцизата за горивата, до 2 ноември 2026 година, објави на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Со оваа мерка, како што посочува министерката, се придонесува за ублажување на ценовните притисоци врз малопродажните цени на горивата и намалување на финансискиот товар врз граѓаните и стопанството.
-Продолжуваме внимателно да ги следиме состојбите на меѓународните пазари и да преземаме навремени мерки за заштита на животниот стандард и зачувување на економската стабилност - истакна министерката за финансии.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Виткоф пристигна во Санкт Петербург на средба со Путин, по разговорите со Зеленски
-

НАТО го предупреди Зеленски дека Трамп може да ги запре испораките на оружје
-

Деветти ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
