Димитриевски за Изборниот законик: Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо

Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо, порача денеска од Штип, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски кој одговараше на прашањето дали наскоро ќе се донесе Изборниот законик и кој е ставот на ЗНАМ по ова прашање. Димитриевски посочи дека за нив како партија воопшто не е спорно гласањето на дијаспората.
-За нас како ЗНАМ, воопшто не е спорно гласањето на нашите граѓани кои што живеат или работат привремено во странство, бидејќи тоа право им е дадено со Устав и им е загарантирано. Само треба да се изнајде формата и начинот како тие да го остварат тоа право. Зборувам за учество на парламентарни и претседателски избори. Додека во делот за гласањето на локални избори, тие со резиденти на други општини во други држави – во дел од нив и имаат право да гласаат, така да... не даваме согласност за таква мерка - изјави Димитриевски.
Тој истакна дека што се однесува до предлогот за една изборна единица, ЗНАМ како мал и нов политички субјект апсолутно го поддржува тој предлог.
-И доколку е прифатлив и за останатите политички субјекти во Македонија, секако дека истиот таков предлог ќе го поддржиме и ние-рече Димитриевски.
Прашан дали очекува да се постигне консензус за Изборниот законик, Димитриевски одговори дека тоа зависи од сите политички чинители во земјата.
-Значи, јас не можам однапред ништо да кажам, бидејќи самиот процес не зависи само од ЗНАМ, зависи од сите политички чинители. Изненаден сум што оние што многу често се повикуваа за потреба на измена на самиот закон, денеска многу повеќе ги гледаме по најлуксузните летувалишта во регионот, каде што испраќаат од јахти и други луксузни локации политички пораки дека не се согласуваат со истиот и го блокираат самиот процес - подвлече Димитриевски, кој денеска со раководството на ЗНАМ присуствува на третата панел дискусија „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“.
Ново на Сител
-

Нудел помош на граѓани при подигнување пари од банкомат, па им земал дел од парите
-

Ристо Самарџиев по 17 години повторно на сцената на „Макфест“
-

Европол: Екстремистите користат „онлајн“ игри за ширење пропаганда и регрутирање млади луѓе
-

Вознемирувачка снимка: Снимен моментот на уривањето на авионот во Флорида во кој загинаа 9 лица
-

Шведска се враќа на старото: Наместо таблети и компјутери, учениците повторно учат од книги и пишуваат со рака
-

Јанев: Финансиските истраги и одземањето на незаконски стекнатиот имот како клучни приоритети во борбата против организираниот криминал
-

Средношколците и студентите повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција
-

Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1 јануари 2027
