Македонија
3. November 2026 - 14:05

Ристо Самарџиев по 17 години повторно на сцената на „Макфест“

41-то издание на „Макфест“ донесе нова енергија, но и врати некои музички имиња и изведувачи кои од поодамна ја имаа препуштено сцената на помладите генерации. Така, оваа година во Штип со нови композиции се претставија Елвир Мекиќ, Јован Јованов, Тони Зен, Викторија Лоба и Врчак, а свој настап имаше и Ристо Самарџиев. Од онаа 2009 година, кога заедно со Дуле и Коки победија на фестивалот, Ристо се нема појавено на оваа сцена со нова композиција.

– Во изминативе години правев песни за други изведувачи и голем дел од нив завршуваа како победнички на фестивалот. Не размислував за мое појавување, но ете, си реков да земам учество на самиот старт од петтата деценија на „Макфест“. Тешко е да се одржи нивото на нешто што е жива историја и што има донесено, промовирано и создадено толку многу музика, како и толку многу музичари, автори и изведувачи. Сепак, се забележуваат обидите фестивалот да расте и да донесува нови, квалитетни композиции, изведби и пејачи. Честитки до сите организатори, автори, учесници и до градот Штип. Фестивалот ја чува историјата, но и иднината на македонската музика. Нека трае и нека расте! Нека биде поттик за создавање нови песни испеани на македонски јазик.

Ристо Самарџиев се претстави со кантавторакта композиција „Да можам само да ја видам„ за која аранжанот го направи Владимир Дојчиновски, а во создавањето и продукцирњаето на истата свој удел имаше и Давор Јордановски.

„Да можам само да ја видам„ е песна која одамна чекаше своја промоција. Беше надојдена во периодот кога се случи Метрополис арената со Меморија и мегахитот Дирлада, па од тие причини беше оставена на чекање. Има уште подоста на листата идеи за песни, но сега се решивме за оваа. Се постави и се промовира во едно врема во кое најчеста појава за создавање музика и песни е онаа наречена АИ, па некако баш ми е драго што во едно вакво време промовирам нешто кое е многу поразлично од тој начин на создавање музика. Тој процес на создавање музика не може да се сопре, но мирисот на рачно направеното и  домашно испечено лепче си носи една поинакво задоволство и поинаква топлина.

Студиска верзија: Да можам само да ја видам -  Ристо Самарџиев

Макфест: