Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка

Продлабочување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на партнерството меѓу Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија биле во фокусот на работната средба на премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на оваа германска покраина, Хендрик Вуст.

Како што објави Мицкоски на својот фејсбук-профил, на средбата, во рамки на посетата на Германија, заедно со владиниот тим - вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска - разговарале за досегашната соработка, поддршката и можностите за нејзино понатамошно продлабочување, особено во економијата и инвестициите.
Мицкоски посочува дека германските компании „Костал“, „Кромберг и Шуберт“, „ВИК“, „Гересхајмер“ и други реномирани инвеститори што веќе работат во земјава се пример за потенцијалот за привлекување нови инвестиции од Северна Рајна-Вестфалија.

На средбата било изразено и задоволство од спроведувањето на заедничката Декларација за намери за соработка, која опфаќа повеќе области, меѓу кои економијата, инвестициите, образованието, културата и здравството, како и поддршката за европската интеграција на Македонија.
Како особено значајна, Мицкоски ја издвојува подготвеноста на Вуст да ја посети Македонија, што, според него, ќе биде дополнителна можност за унапредување на партнерството и отворање нови перспективи за соработка.
- Продолжуваме да градиме силни партнерства, да привлекуваме нови инвестиции и да ги отвораме вратите за економски развој и нови можности за нашата држава, наведува Мицкоски во објавата.
МИА
Ново на Сител
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
-

Нудел помош на граѓани при подигнување пари од банкомат, па им земал дел од парите
-

Ристо Самарџиев по 17 години повторно на сцената на „Макфест“
-

Европол: Екстремистите користат „онлајн“ игри за ширење пропаганда и регрутирање млади луѓе
