Директор на училиште и еден наставник повредени во пукање на југот на Франција

Директорот на училиштето и наставник во училиштето во гратчето Обањ во департманот Буш-ди-Рон на југот на Франција денеска добија прострелни рани во вооружен напад на осомничен 14-годишен ученик.
Тие се ранети пред училиштето „Жозеф Лаканал“ во Обањ откако еден ученик испукал истрели од пиштол со калибар девет милиметри и од пушка сачмарка, пренесува „Фигаро“.
Брзо потоа напаѓачот бил уапсен, а ранетите директор и наставник се хоспитализирани со прострелни рани.
„Пукаше четири или пет пати и брзо по нападот беше уапсен“, потврди локалната полиција.
На лице место излегле припадници на локалната полиција и противпожарната служба на Обањ, а француските министри за внатрешни работи и за национално образование, како и министерот делегат за стручно образование, обука и професионална пракса, денеска попладне ќе го посетат Обањ.
Пукањето се случи во момент кога ширум Франција се одржуваат протести на средношколците поради незадоволство од состојбата во образованието и условите за школување.
МИА
Ново на Сител
-

Негативен природен прираст во третото тримесечје - За 647 повеќе умрени отколку родени
-

Невработеноста намалена за 2,4 проценти на годишно ниво
-

Тошковски: Нема да дозволиме инциденти и нарушување на јавниот ред и мир за Денот на албанското знаме
-

Град Скопје и годинава ќе ги награди најубаво украсените домови и објекти, пријавувањето е од 1 декември
-

Битолчанка пронајдена мртва во сместувачки капацитет, телото предадено на обдукција
-

За викендот времето ќе биде облачно и врнежливо со дожд на пониските и снег на повисоките места
-

И до 4.000 евра помалку за увоз на автомобил, предложени измени за поевтин увоз на автомобили
-

Зеленски за Трамп: Да го нарекуваш Путин пријател е како да го нарекуваш пријател Хитлер
