Директори, началници и шумочувари организирано го пустошеле Малешевието
Против 15 лица се води истрага за неелгална сеча во малешевието.Организирано ги пустошеле шумите во Берово,Пехчево и Делчево, а грбот им го чувале луѓе чија функција била да ја заштитат и контролираат дрвната маса во државата.
Соучесници и потпомагачи биле директорот на ЈП Македонски шуми, полициски началник, шумски полицајци и вработени во министерство за земјоделие. Осомничени се за Злосторничко здружување и Пустошење на шуми, шестмина од нив и за Злоупотреба на службена положба и овластување, додека на првоосомничениот му се ставени на товар и кривични дела Давање поткуп, а на еден осомничен и кривично дело Примање поткуп.
Како резултат на нивните дејствија, била исечена дрвна маса во количина од 1.500.000 метри кубни, со вредност од 6.405.000.000 денари. Организаторите на групата извршиле нелегална сеча на дрвна маса, која потоа била транспортирана и продавана како легално исечена, со цел да се оствари противправна имотна корист.
Групата била поддржана од полицијата која наместо да преземе мерки ги информирала за патролите, директорот на ЈП Национални шуми ПО Малешево ја одобрувал нелегалната сеча а началникот во ОВР Делчево ги прикривал сторителите. Во текот на оваа година опустошиле 6000 хектари во сопственост на ЈП Национални шуми.
Првоосомничениот во име и за сметка на осомниченото правно лице во август и септември оваа година му дал паричен подарок на директорот на национални шуми од 6100 евра со цел да дозволи нелегална сеча и тоа пред да биде објавен повик за опожарена дрвна маса. Во текот на вчерашниот ден со цел да не се открие нивното дело осомничениот началник ја открил акцијата и предупредил еден групата за да прикријат траги и ги известил лицата кои што вршеле нелегална сеча во атарот на с. Двориште да го “чистат“ теренот по што истиот самиот се упатил на местото каде што бил пресретнат и фатен на лице место.
Обвинителството побара притвор за сите осомничени во овој случај.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар