Директорот на „Енвидија“ признал неверство, неговата љубовница кинеска шпионка
Американскиот технолошки гигант „Енвидија“ започна независна истрага по откритијата дека неговиот основач и извршен директор, Џенсен Хуанг, имал вонбрачна врска со кинеска бизнисменка за која американските разузнавачки служби се сомневаат дека собирала информации за Пекинг.
Хуанг јавно признал дека бил неверен на својата сопруга и се извинил на семејството, колегите и вработените во компанијата, преземајќи целосна одговорност за своите постапки.
Во центарот на скандалот е кинеската бизнисменка Алис Хуанг, поранешна директорка во компанијата „Мегаспид“ со седиште во Сингапур, која купува напредни чипови за вештачка интелигенција од „Енвидија“.
Според американските медиуми, разузнавачките служби дошле до сознанија дека бизнисменката можеби била ангажирана од кинеските власти за да воспостави блиски контакти со директорот на „Енвидија“ и да собира информации од стратешко значење.

Случајот предизвика загриженост во САД поради клучната улога на „Енвидија“ во развојот на вештачката интелигенција и ограничувањата што Вашингтон ги воведе за извоз на најнапредните американски чипови во Кина.
Од компанијата соопштија дека независна комисија, со помош на надворешни правни советници, ќе ги испита сите достапни информации. Истовремено нагласија дека засега немаат причина да веруваат дека биле загрозени американската национална безбедност или деловните тајни на „Енвидија“.
Кинеските власти ги отфрлија обвинувањата за шпионажа како неосновани, додека Хуанг најави целосна соработка со истрагата и ќе продолжи да ја извршува функцијата извршен директор.
Засега нема потврда дека преку неговата врска биле откриени доверливи информации или дека бизнисменката навистина спроведувала шпионска операција.
Ново на Сител
-

Големо поевтунивање на горивата од полноќ - ова се новите цени
-

Маѓар: Приведен е братот на Виктор Орбан како осомничен за трговија со луѓе
-

По 10 години врска ја оставил – сега бара да ѝ плати 340.000 долари затоа што ѝ ги потрошил најдобрите години од животот
-

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се малку веројатни нови напади врз Иран
-

СВР Штип апелира до граѓаните за внимателност од телефонски измами
-

Одложено денешното судско рочиште за предметот „Онкологија“
-

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
-

Сараево повторно е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот
