Дискусија за насилството меѓу младите со обраќања на претседателката Сиљановска-Давкова и министерката Јаневска

Младински активисти, ученици, психолози и експерти ќе учествуваат во дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: Млади, училишта и дигитален простор“, која ќе се одржи денеска во вилата „Билјана“ во Охрид.
На настанот, кој се организира во пресрет на одбележувањето на 12 Август - Меѓународниот ден на младите, обраќања ќе имаат претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
- Настанот се одржува на предлог на Советот за млади и е предвидено да отвори институционална дебата за три поврзани прашања: примената на постојниот протокол за постапување во училиштата, поддршката за жртвите и пристапите за промена на однесувањето на насилниците, како и можните политики за ограничување или регулирање на користењето на социјалните мрежи кај децата и младите на возраст од 14 до 16 години, соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
