Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
Владата ќе почека официјално да пристигне мислењето од советот на јавни обвинители по што ќе одлучи кого ќе предложи за државен јавен обвинител. Премиерот вели овој документ се уште не пристигнал кај нив. Советот на вчерашната седница донесе позитивно мислење за 4ца кандидати кои претендираат да го наследат Љупчо Коцевски.
Во трка се актуелната в.д државен обвинител Анита Тополова-Исајловска, обвинителките Ленче Ристоска, Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески.
Советот одлучи петтата кандидатура од Владимир Панчевски да ја отфрли со образложение дека тој не ги исполнува посебните услови, односно во моментот на кандидирање не бил во работен однос како судија или обвинител. Владимир Панчевски поднесе кривична пријава против сите членови на Советот за кои тврди дека незаконски го дисквалификувале.
Според него законот бара непрекинат стаж од 10 години и приложи доказ дека го исполнува со тоа што бил во редовен работен однос како судија во Кривичниот суд од 2008 до 2020 година.
-Оваа кривична пријава е одраз на трулиот судско - обвинителски систем и предизвик Јавното обвинителство и МВР да отворат постапка по допрен глас и да расчистат со контаминираните кадри кои незаконски одлучуваат потешко повредувајки ги правата на граѓаните, носат селективна правда и го рушат угледот на судскиот систем.
Панчевски вели во ера на дигитализација не гледа потреба од хартиена форма бидејќи кривичната е јавно објавена и сега институциите се на потег. За исто кривично дело вели дека бил осуден на две ипол години затвор, постапка во која немало лица чии права биле повредени туку тврди дека го осудиле за апстрактна повреда.
Дополнително спорно за Панчевски е што во советот одлучувала членка која е сопруга на осуден за организиран криминал, пресуда која тој ја донел како судија во кривичен.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
