ДИВИ ВО СРЦЕТО
Приказна за едно украдено детство и судбина обележана со болка. За тајни закопани длабоко во минатото, кои се закануваат да уништат сè што годините изградиле. За предавства што најсилно болат кога доаѓаат од најблиските. И за една вистина која, кога конечно ќе излезе на виделина, засекогаш ќе промени нечии животи.
Јаман е млад човек чиј живот уште од најраните години се претворил во борба за преживување. Како дете бил киднапиран од своето богато семејство и оставен на улица, далеку од топлината и љубовта на родителскиот дом. Во свет во кој секој нов ден носи неизвесност и сиромаштија, тој учи да се потпира на сопствената сила и на пријателите кои со текот на годините стануваат неговото вистинско семејство.
Години подоцна, судбината неочекувано го враќа во светот од кој некогаш бил насилно одвоен. По долгогодишна разделба, Јаман повторно се среќава со своето биолошко семејство, но таму ништо не е онака како што изгледа. Враќањето на изгубениот син нема да донесе само радост. Зад луксузните ѕидови на семејната куќа се кријат опасни тајни, стари лаги и луѓе кои не се подготвени да го прифатат неговото присуство. Додека неговата мајка очајно се обидува да ги надомести изгубените години, Јаман се соочува со недовербата на најблиските, љубомората на оние кои стравуваат дека ќе го изгубат своето место во семејството и со сè погласното прашање - кој навистина стои зад неговото исчезнување?
И токму кога ќе помисли дека неговиот живот конечно добива нова смисла, љубовта ќе му донесе уште едно искушение. Средбата со прекрасната Руја ќе разбуди чувства кои дотогаш не ги познавал, но и ќе го стави пред нови предизвици, каде што срцето и разумот нема секогаш да го водат во иста насока.
Раскинат меѓу два сосема различни света, Јаман ќе мора да одлучи дали да го прифати животот што му бил украден или да остане верен на луѓето кои биле покрај него во најтешките моменти. Понекогаш најтешката борба не е да го пронајдеш своето семејство, туку да ја преживееш вистината за него. А некои вистини имаат моќ да уништат сè. Па... дури и љубовта.
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
