-->
-->
Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-->

Од ноќеска на полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 6 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8 денари за литар, на Мазутот М-1 НС за 1,591 денари за килограм и сега ќе изнесува 46,001 денари за килограм.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 97,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 99, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 101 денар, Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 105 денари за литар, а Мазут М-1 НС за 46,001 денари за килограм.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
