ДКСК ќе ја проверува распределбата на ваучери од АМС
ДКСК ќе се вклучи активно во проверка на доделувањето спортски ваучери од АМС. Постои сомнеж дека се можни злоупотреби на овие средства, бидејќи клубовите, федерациите и спортистите немаат отчетност како ги трошат парите. Сметаат дека системот на финансирање на спортот преку ваучери не е најдобар модел.
Во националната стратегија на ДКСК за борба против корупција и судир на интереси за периодот 2021-2025 година прв пат е воведен секторот спорт.
Инаку за начинот на кој се доделуваат ваучерите реагираше и олимпиецот Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал во Токио. Тој со освоен највисок резултат во спортот доби ваучер помалку вреден од други спортисти. Директорот на АМС вели на вчерашниот состанок Комисијата утврдила дека се работи за техничка грешка.
ДКСК покрена неколку инцијатив за поведување кривична постапка против тројца градоначалници на Општина Демир Хисар, градоначалникот на Студеничани и на ексградоначалникот на Гази Баба.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
