До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори

Излезеноста на гласачите до 11 часот на вториот круг од гласањето за градоначалници, како што соопшти Државната изборна комисија, изнесува 10,1 проценти согласно податоците добиени од 1276 избирачки места или 92, 94 проценти. Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти, а податоци се добиени од 611 избирачки места или 89,20 проценти. Денеска се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а се повторува гласањето во три избирачки места во Шуто Оризари за советници.
Портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Радица Тодоровска Алексовска на прес-конференција истакна дека гласањето се одвива непречено без поголеми проблеми, освен оној помал технички проблем во Дојран со УБИК апаратот, но проблемот е надминат и гласањето е продолжено на стариот начин на гласање со УВ ламба и спреј.
До 11 часот највисока е излезеноста на гласачите во Пробиштип каде гласале 22 проценти од избирачите и во Крушево - 19,92, додека најмала е во општината Сарај со 1,86 отсто.
Во Град Скопје излезноста на гласачите е 8,3 проценти, гласале 35 097 избирачи според податоците добиени од 611 избирачки места односно 89,2 проценти.
Во другите општини до 11 часот излезеноста е следна: Боговиње - 6,67 проценти, Брвеница - 11 проценти, Бутел - 7,34, Валандово - 13,3, Виница - 13,07, Гази Баба - 7,62, Дебар - 6,69, Дебарца - 13,99, Демир Капија - 19, 92, Дојран - 17,43, Долнени - 9,37, Ѓорче Петров - 8,72, Зрновци - 15,89, Карпош - 10,83, Кисела Вода - 10,25, Кичево - 15,32, Кочани - 9,99, Крушево - 19,92, Куманово - 6,42, Лозово - 20,87, Македонска Каменица - 15,05 проценти, Македонски Брод - 13,5, Могила - 10,61, Неготино - 12,86, Пробиштип - 22, Ранковци - 18,29, Росоман - 14,26, Сарај - 1,86, Струга - 8,88, Студеничани - 7,73, Тетово - 8,21, Центар - 10,24, Чешиново-Облешево - 15,46, Чаир - 2,34, Чучер Сандево - 15,85, Шуто Оризари - 5,93 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
