Македонија
31. July 2025 - 13:46

До 13 часот изгаснати четири пожари, еден активен во Берово

До 13:00 часот има пет пожари на отворен простор на територија на цела држава, од кои четири се изгаснати. Активен е само пожарот во општина Берово, на планината Голем Готен кон Малешевските планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација, бука и бор.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснати се пожарите во општина Радовиш: на планината Голем Готен над селото Подреш, пожарот меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Прилеп) и Галиште и Трстеник (Кавадарци), пожарот во кавадаречкото село Јонузлија и пожарот во општина Прилеп - село Бешиште Бешишки Рид, крак кон село Градешница (Новаци) и крак кон граница со Грција.