Македонија
28. May 2025 - 12:55

До недела променливо време со повремен дожд и ветер

Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на пороен дожд, соопшти УХМР.

Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневните температури.