Македонија
13. October 2026 - 12:00

До петок постудено со повремен дожд, а на планините снег

До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Денес и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег, соопшти УХМР.

Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h.

За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.