Македонија
4. November 2026 - 13:26

Добра вест: Обезбедена е „Трикафта“ за сите 126 пациенти со цистична фиброза

Од Клиниката за детски болести пристигнува добра вест за пациентите со цистична фиброза. Обезбедена е современата модулаторна терапија „Трикафта“ за сите пациенти кај кои постои соодветна медицинска индикација.

Од оваа година, вкупно 126 пациенти со цистична фиброза во Македонија, на возраст над две години, кои ги исполнуваат медицинските критериуми, ќе имаат пристап до оваа современа, таргетирана терапија.

Станува збор за значаен исчекор во лекувањето на цистичната фиброза, со кој се овозможува поширока достапност на современ третман за пациентите со оваа болест.