Македонија
26. October 2016 - 16:09

Доделени 10 нови лиценци за отворање подвижни аптеки во 542 населени места

Околу половина милион граѓани претежно од рурални подрачја ќе добиваат терапија во нивното место на живеење. Министерството за здравство додели 10 нови лиценци за “Подвижни аптеки” во 10 региони кои ќе покриваат 542 населени места со под  1000 жители. Овој проект е поврзан со “рурален доктор” и “рурална аптека” .

-Со подвижните и руралните аптеки се опфаќаат над 880.000 граѓани во државата на кои ќе им се олесни пристапот до лекови, изјави Никола Тодоров, вицепремиер и министер за здравство.

Минатата година министерството за прв пат додели 6 лиценци за подвижни аптеки во исто толку региони, а граѓаните лековите ги добиваа најдоцна за 2 дена откако руралниот доктор ќе им ја пропишел терапијата.