Повисока пензија со воведување мултифондови, а не со национализација на приватните пензиски друштва
Реформа во пензискиот систем за сигурна пензија на идните пензионери. Од Асоцијацијата на.пензиски друштва од задолжителниот – 2 столб предлагаат воведување мултифондови, каде парите би се оплодувале со повисоки приноси, и зависно од возраста, би се вложувале во поризични акции.
Моменталниот, конзервативен модел, им носи годишен принос од само 5,5% на идните пензионери и според законот, над половина од сумата мора да се вложува во државни обврзници. Затоа сметките на осигурениците се пониски од планираното. Сепак, Од Асоцијацијата велат дека евентуалното национализирање на 2 пензиски столб – долгорочно би се покажало како погубно.
Со реформата на пензискиот систем пред 20-тина години, воведувањето на задолжителниот 2 столб, беше да му помогне на ПИОМ да се стабилизира и со тек на време да се намалат префрлањата од Буџетот за да може да се исплатат пензиите. Но, иселувањето на младите, продолжениот животен век и пријавувањето на работниците на минималец, наместо на цела сума- ја доведуваат во прашање висината на пензијата на идните пензионери.
Во моментов, над 630 илајди осигуреници се членови во 2 пензиски столб, а само 150 пензионери земаат пензија од истиот, која е минимална, нешто над 10 илјади денари. Првите поголеми исплати ќе следуваат после 2030 година. кога се очекува околу 5 илјади пензионери да се исплаќаат од овој столб. Ако не се воведат мултифондовите, од Асоцијацијата не очекуваат дека идните пензионери би се радувале на повиска пензија.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
