Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ја започна имплементацијата на проектот ,,ХартСејф,, преку кој се зајакнуваат капацитетите на итната медицинска помош во Југоистокот. Во рамки на проектот, здравствените домови во Струмица и Валандово веќе добија нови амбулантни возила со современа медицинска опрема, а во наредните денови ќе следуваат и здравствените домови во Гевгелија и Радовиш.
Од Здравствен дом Струмица велат дека новото возило, современата апаратура и сертифицираниот медицински кадар ќе придонесат за поквалитетна здравствена заштита и поефикасно постапување при итни случаи.
За градоначалникот на Струмица, реализацијата на овој проект е значајна не само поради набавката на опремата, туку и поради обуките што ги предвидува за вработените во институциите, кои ќе можат да ја користат опремата при итни ситуации.
Проектот ,,ХартСејф,, се реализира во рамки на прекуграничната соработка меѓу Македонија и Грција, со поддршка на Европската Унија. Вкупната вредност е нешто повеќе од 1,2 милиони евра, а активностите опфаќаат и обука на околу 1.200 здравствени работници, волонтери и обучувачи.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
