Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
Премиерот Мицкоски е првиот говорник кој треба да даде одговор на прашањата кои ќе ги упатат пратениците од опозицијата и мнозинството за состојбата со Алта банка на надзорната расправа кој утре стартува во Собранието.
На листата се над 30 говорници, меѓу нив гувернерот, министер за финансии, администратори на Алта банка, обвинители, професори, дел од безбедносните структури.
Првиот човек на СДСМ Венко Филипче и во „Тема на денот“ порача дека ќе бараат одговори, кој е виновен за состојбата и што ќе се случува со банката.
Но бара и одговорност од власта за влезот на банката во земјава.
Филипче и во „Тема на денот“ на Сител го праша Мицкоски која е неговата улога во преговорите за барање купувачи на Алта банка.
По сите обвинувања на Филипче, од власта му вратија дека банката ќе биде спасена и ќе продолжи да функционира, со тоа паѓаат во вода црните сценарија на опозицијата за пропаст.
- Нервозата на Филипче е очигледна. Наместо да поздрави решение кое треба да придонесе за стабилноста на финансискиот систем и сигурноста на граѓаните, тој повторно се обидува да шири политички конструкции, да создава недоверба и креира црни сценарија.
Барањето за надзорна расправа за последните случувања во Алта банка АД Битола ја иницираше опозициската СДСМ.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
