Македонија
10. November 2026 - 16:38

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот

Бидејќи возачите веќе научиле каде се сејф сити камерите, полицијата на нов начин ќе ги лови оние кои возат со брзина над дозволената.

Во возилата на МВР ќе се инсталираат камери кои ќе ги ловат несовесните возачи.

Треба да почнат да функционираат од феврураи, а за разлика од фиксните камери на сејф сити, овие автомобили и дури се во движење ќе може да утврдат кој вози пребрзо.

Системот продолжува да се надоградува за поголема ефикасност, вели министерот за внатрешни работи, Тошковски, а показател за тоа е и меѓународното признание и првото место кое го освои Македонија за извонредност во сообраќајот со сејф сити системот.

Годишно од казните од сејф сити камерите во буџетот на државата се слеваат околу 10 милиони евра.

25% или 2 и пол милиони евра ќе одат во надоградба на системот.

Следно сејф сити се шири во Струмица, а до февруари цела држава ќе биде опфатена со камерите.

За брзо и на граничниот премин Блаце ќе се плаќаат казни за странците кои направиле прекршок при возење во Македонија.

Веќе се поставени објекти каде ќе може да се плаќаат казните.

За сега само на граничниот премин Табановце оние кои не се државјани на Македонија плаќаат казни.

Меѓутоа Тошковски вели казни платиле и многу функционери, министри, директори кои сториле сообрќаен прекршок, а биле уловени од камерите.

Во последните 15 години, на патиштата низ Македонија загинале над 2.000 луѓе.

Со системот безбеден град кој е во употреба осум месеци бројот на жртви е намален за нешто над 30%.